header image
 

Македонија…The Origins…

Случајно наидов на муабет меѓу пријатели за конфликтов што го имаме со Грците околу името и идентитетот. Неможев, а да не се умешам кога слушнав како меѓусебно народот се дели на табори за тоа од каде потекнуваме ние македонците. Срамота. Насетив дека сета таа поделеност е поради тоа што луѓето се слепи фанатици на одредена партија и ги бранат точно оние изреки што ги кажува нивната партија, иако и тие самите не ја сваќаат или пак не се ни сложуваат со неа.
И муабетот продолжува како едните стојат на страната на антиката и како ние сме антички македонци и ништо друго, а другите го бранат стојалиштето дека сме словени и ништо повеќе. Глупости.
Тргнете од ова време наназад и дојдете до времето на словените и тука застанете, бидејќи пред словените, времето за Македонија било запрено. Замислете ги доаѓаат словените и се што има живо на оваа територија станува и си оди од тука. Дали луѓево не се трудат да размилуваат со главите. Колкаво племе треба да се словените за да од зад Карпатите тие се поделат и на запад и на исток и на југ и да формираат на сите три страни толкави земји. Се разбира дека дел од тоа племе дошол и на Балканот и како што кажува и историјата тие биле мирољубиви номадски племиња и се претопиле во овдешното население. Се разбира дека имало население и пред нив овде, па логично е да ги водиме корените од нешто што било и претходно тука. Меѓутоа неможеме да речеме дека потекнуваме само од нив.
Човекот ја изучува историјата од кога се сеќава и од кога почнал да ја запишува. Најстари датирања нас ни се од античките македонци, како доказ дека постар народ од нас живеел тука. Потоа следат влијанијата од римјаните кои владееле со балканот, словените, цар Самоил и второто македонско кралство, влијанијата од Турците и сето тоа собрано го прави денешниот македонски народ, сите тие влијанија собрани заедно, меѓутоа почетокот мора да се бара во најдалечното време.
Ме нападнаа со словенските браќа и како ние постоиме и писмени сме од нив па наваму. Па се замислив дали пред нив народот на овие простори бил глувонем. Слава им на словенските браќа, не смееме да заборавиме на нивниот огромен придонес, се разбира за писменоста и за азбуката. Меѓутоа, таа азбука е составена врз основ на говорот на народот кој се разбира и претходно постоел. Јазикот на кој збореле народите на овој простор претходно, сега со просветителите добива и значење. Врз основа на веќе постоечкиот говор, просветителите создаваат знаци за секој од гласовите и ја создаваат азбуката. Преведуваат најпрво црковни книги кои го шират христијанството на пишан начин, но незначи и дека не се зборело и не се проповедало на јазик и пред нив. Не го измислиле они македонскиот јазик. Тие само всушност му го даваат пишаниот збор на народот врз основа на јазик на кој тој веќе си зборува.
Но ова неможев да им го докажам,поради тоа што беа заслепени од нивното верување во идеали за кои тие самите се определиле иако тие идеали го тврдат нелогичното во овој случај.
И поради тоа што ние самите неможеме да сватиме зошто се разјадуваме самите себе од внатре, нема никогаш да дознаеме кој и зошто некој ни е крив од надвор за проблемите кои ги имаме…

Конзервативен или Морален

…Приметив дека во последно време, се што прави македонскиот народ е тоа слушање совети од страна, угодување на сите освен на себе и бркање услови за исполнување на бенчмаркови…Како и секогаш, она што веќе го усовршивме, како да станавме зависници од тоа да мора некој да ни кажува што да правиме…Незнам навистина зошто овој народ сеуште не се има освестено… Но друго ми беше темата но морав да се надоврзам на овие услови кои ни се наложени…
…Демек сме “морале” да ги признаеме хомосексуалците и да сме и дале права. И онака ни тргна со давање на претерано многу права на други групи луѓе па ајде ако не и Марсовците ќе ги признаеме…Како и се друго што ни е наложено од Европската Унија е поставено како уцена. За која цел ние треба да направиме внатрешен раздор и дебати за да решиме една уцена насочена кон нас. Да е последната работа ова признавање за наш влез во таа унија, па да седне човек да размисли. Но всушност ова се само банални работи на кои Европската комисија се вади и не игнорира за оние главни прашања како името и идентитетот и влезот во унијата. Зар дојде последен момент и останавме само ние да ги признаеме хомосексуалците, зар сме последната земја, што настана толкава фама…
…Но на грб ни го поставуваат законот за дискриминација. Македонија е една од ретките земји во кои дискриминацијата е заборавен збор. Никогаш немало проблеми на тоа поле, ни расни, ни етнички, ни верски…Но да се вратиме конкретно на хеомосексуалците…
Ова сето го кажувам како мое лично мислење но сум сигурен дека повеќето од Вас ќе се сложите со мене…Јас лично немам ништо против постоењето на хомосексуалците. Никој не смее и не треба да биде против нивно постоење. Се разбира не сум со идеја дека се ѓаволот или дека се мутација на човештвото и треба да се убиваат и палат…се разбира не. Меѓутоа нивното признавање и хомосексуалните бракови се тотално друга тема на разговор. За тоа прашање сум радикално против. Дали сум конзервативен во овој поглед или само морален тоа треба секој посебно да си го одлучи за самиот себе. Почна со нивно излегување во јавноста, потоа признавање, па бракови и на крајот посвојување деца и формирање семејства. Замислете го овој пример : двајца хомосексуалци им е дозволено да посвојат дете. И доаѓа време, 5-то одделение, предмет биологија и децата учат за размножување на човекот и нивниот настанок. Доволно голем проблем за дете од 10 години е тоа што во светот постои религијата и научната теорија на Дарвин за човештвото. И наставникот им кажува дека со однос помеѓу маж и жена се раѓаат децата. И си става тоа дете, со 10 години, прстот на глава и си вика : Чекај бе како настанав јас, моите се двајца мажи или две жени…
И потоа настанувале девијации во општеството. Со тоа што се обидува светот да биде либерален за се што треба и нетреба и овој поход кон глобализација кон која слепо се стреми пото води до општествени проблеми. Губење на традиционалните норми, најглавно губење на моралот кај младите деца изложени на тоа…И потоа се издвојуваат пари за решавање на социјални девојации кои всушност самите си ги создаваме…
…Размислете утре во каква средина сакате да расте вашето дете…

Вистинскиот Национализам

nat. spectrum1

…Сигурен сум дека досега сте имале можност да наидете на групи и организации кои го негираат национализмот или се анти-националистички поставени. Оние кои поседувате Фејсбук профил можете да проверите дека постојат еден куп групи поставени од луѓе кои би се продале и самите себе за да некој поголем од нив ги признае, ги пофали или да ги потапка по рамото. Верувале или не, тие луѓе се вистински, кои не би реагирале ако некој им го гази најмилото, па дури и не би реагирале доколку некој ги гази нив самите. Нема да направат ништо само поради тоа што веруваат во одреден идеал дека национализмот е лоша работа и поради тоа што нивната партија или организација тоа го кажува. Па дали би дозволиле да ве газат само за да послушате некој ваш идеал? Тажно, но вистинито…

…Многу луѓе го мешаат национализмот со фашизмот. Погрешен почеток. Како и се останато во политиката и национализмот има своја по радикална и по либерална страна. Почнувајќи од најрадикалното и онака како што луѓето на прв поглед го препознаваат национализмот ќе го лоцираме фашизмот или уште постручно познат како ултра национализам. Фашизмот како радикална и најгорна скала на национализмот е постоење омраза кон се она што е туѓо. Покрај свеста за љубов кон своето постои и бурна желба за омраза и уништување на она што е туѓо. Најчести причини се расните и етничките разлики, кои водат до различни нивоа на национализам како етничкиот и расниот национализам (познат и како Нацизам) и постоењето на искривена идеологија за проширување на своето и окупација или позанто како Експанзионизам. Веднаш зад него, се влечат нивоата на национална чистота или една раса и милитаризмот како баланс меѓу моќноста на експанзионизмот и економската и општествена фокусираност на национал-социјализмот. На средината на оската се поставуваат модерните националисти или оние чии идеали стојат зад девизата дека секој за себе си ја гради својата иднина и си ја пишува својата судбина, лица кои се оградуваат од надворешни влијанија од бирократски организации како НАТО и Европската Унија или било какви репресии и пропаганди, односно уште познати и како Анти-глобалисти. Поставувајќи се зад нив доаѓаат меките форми на национализмот како појава и оние форми кои оние лица со големи усти кои само знаат да плукаат по работи за кои и самите немаат познавање, не ги знаат. Етнократизмот или попознат како Протекционизам е застанување во одбрана на националното културно богатство, идентитет и историја. За да веднаш по нив стои далеку познатиот аспект на национализмот, Патриотизмот(иако многу луѓе(оние кои плукаат по национализмот а се прават патриоти) немаат познавање дека и тој самиот е скалило на национализам). Патриотизмот е појава која се буди само како контра реакција на провокација или на конфликт, за разлика од сите претходни пред него облици кои се јавуваат и без нивно евоцирање односно самоволно и агресивно. Покрај сето ова на крајот се наоѓаат формите на конзервативен национализам и либерален конзерватизам, денеска најраспространети меѓу народот, во облици на само “лаење” и празни зборови без дела бидејќи постојат голем број луѓе кои само знаат да зборуваат дека стојат зад својата земја но всушност не се спремни да направат никаво дело за да го прикажат тоа.

…Се надевам дека овој пост на некого од вас му ги отвори очите, но знам дека ќе постојат и такви кои ќе се оградат од ова и покрај неговата вистинитост, како што наведов погоре само поради застапување на туѓи идеали, а не бранејќи ја својата национална свест и светоста на својот народ…

“There are two kinds of people in this world. You got “Talkers” and you got “Doers”.Most people are just “Talkers”. All they do is talk. But when all is said and done, is the “Doers that change the world. And when they do that – they change us.And that is why we never forget them. So which one are you? Do you just talk about it or you stand up and do something about it.”

Хорхе Падрон за МАКЕДОНИЈА

„ЈАС СУМ ЧОВЕКОТ ШТО ТЕ ЉУБИ„

Јас сум човекот што те љуби,МАКЕДОНИЈО
Не се родив во ѕемјава твоја со златни
Ливади
Кај што тополите треперат како класје
И чучулигата каде го испушта во ветерот
Својот жален пој те избрав јас тебе меѓу сите
Зборој зошто си најсакана ти,
За возбудата што ми ја всадуваш во крвта
Мене
За твојатарастреперена душа,за вистината
Твоја,за пламенот твој
Тајна една верба има што тагата ја пишува
Од кај ли иде не знам, но воздухот
Секојдневно ја носи
Со воздишката на споменот мој
Ја втренчува,  ја зак*лнува пред законот на
Честа моја.
Се раѓаат во мене рекети твои,посевите твои
ми растат
со зелена предност,низ вените мои го
слушам јас
шепотот на водата од езерата и изворите
твои
што ми кажуваат за твојата вековна тага
оставајќи ѓи  во мојот прелеан спомен
светлите подвизи и болката на историјата
твоја
постојано во градиве мои морето,морето што
ти го грабнаа тебе
кревајќи се со своите намачени бранови
течејки со лулеењето свое во блесоци од
пена
заробена ме боли плачот
натвоето угнетено време кога душманите
го изневерија твојот благороден прием
ти го урнаа мирот и складноста твоја
и ги убија твоите синови храбри.
Како да ти  ја икажам јас, татковино на
Копнежите мои
Спласнаа и измачувачка љубов што ми ја
Влеваш
Со меланхолијата што продираво утробата
Моја
Јас со тебе живеам љубовно чуство
Како вода полеана за да ги бакнам
камењата твои
верба и сила да всадам во корените твои
за да ја извишам на крошните од дрвјата
песнава моја што е песна твоја и на ветерот
да му го препуштам солидарниот мирис на
поемата
и овој љубовен пакт со надежта твоја
Македонијо ти се колнам таму кај што ќе
Живеам јас
Зборот твој ќе биде како копнеж на музика
Што срцетого довикува на оние кои не те
Знаат
И те презираат тебе. И кога ќе  пристигне
Денот
Кога гласот мој ќе згасне,тогаш МАКЕДОНИЈО
ти се колнам јас гласно во сите наши сништа
дека пак ќе се родам среде изворите твои
ќе дојдам од облаците што зората ја будат
ќе слеѕам со дождот ќе никнам од калта
ќе горам од нетрпение јас со убавина и
љубов
за да стигнам до тебе и да се престорам јас
во дел од светлината твоја,одзборот твој
за повторно да бидам страста твоја
човекот што се вика МАКЕДОНИЈА

-Хорхе Падрон-


!!! ПЕТИЦИЈА !!!

…Како контра реакција на темата од претходниот пост, темата за споменик на Џемо Хаса (албанскиот фашист што убивал македонци) со еден мој колега дојдовме до идеја за петиција со цел поставување на споменик на Кузман Капидан познат уште и како “Сердарот”, од истоимената поема на Григор Прличев кој се борел против албанските влијанија и грабежи врз македонскиот народ. Петицијата е главно симболична, само да го претстави револтот на македонскиот народ и не се фокусира конкретно на нејзиниот исход или резултат. Главен мотив за почеток на оваа петиција беше моето учество на една дебата со наши сограѓани македонци, кои застануваат на страната против својот народ и се против поставување на споменици од македонски херои, а немаат против поставување на фашистички статуи. Поради револт од сеуште постоење на такви луѓе меѓу македонците, јас и мојот колега, дојдовме до заклучок да ја поставиме оваа симболична петиција,само како основа да добиеме груба бројка на оние македонци кои сеуште имаат желба, храброст и срце да застаната на страната на овој народ и на страната на Македонија.

Доле имате понудено линк на кои можете да се запишете на петицијата и би Ве замолил да ја проширите на што повеќе луѓе. Доколку имате други идеи за афирмација на вакви слични идеи и ако ми се приклучувате во мојата борба,слободно контактирајте ме на блогот или на контактите поставени во линковите од страна.

Петиција : http://www.petitiononline.com/91000sk/petition.html

Однапред ви Благодарам

…Сердарот…

Во пролетна вечер задумано почива една
жена, седејќи на прагот.
Со раце на колена, пушката светната ледна
таа ја милува благо.
На средна е доба; и јадра, и сосема здрава,
кршна и херојски силна.
Извајана е амазонската нејзина става:
вистинска личота милна.
Годините не ја намалиле онаа убост;
на лице свежест се гледа,
младешката сочност
не ја беше сменила грубост.
Таа е кутрата Неда,
несреќната, достојна мајка на Кузман. Седејки
в хаос од мислите мачни
во земјата очите беше ги впила, бидејќи
сонила соништа мрачни:
Потпорните греди од нивната куќа се ведат,
паѓаат шумно во мракот.
Но насреде уште останала самотна греда,
ама да потпира јако.

“Сердарот” – Григор Прличев

http://www.time.mk/read/13fa646794/d554bb4cd0/index.html

…Ова го допре врвот. Дали некаде, во било која земја во светот постои споменик на оној кој го убивал народот на таа земја и бил на страната на окупаторите?! Се разбира дека не. Но ова беше очигледно уште од почетокот. Кога албанците почнаа прст по прст да ги бараат (и веднаш и да ги добиваат бараните “права”), очигледно беше дека со толку попуштање ќе дојде до ова и до уште полоши работи. На албанските “херои”, ако може Џемо Хаса така и да се нарече, местото му е во Албанија, а не овде. Сето ова е удар по македонскиот грб и всушност е провокација кон национална поделба, а во реалност тоа се префрла на македонците како да всушност ние сме тие со национална нетолеранција во случај да не го подржиме овој споменик. Па дали овој народ е слеп?! Дали овој наорд е глуп?! “Vengeance is the only Verdict”  беше изјавата пред почетокот на англиската анархија. Каде народот го достигна своето толерантно ниво и избиј како гневен ѕвер да ги поправи грешките на своите лидери и да ги исправи кривините кон својот народ. Некогаш омразата е силно оружје, кога еден ќе ја прелије чашата…

…Овој споменик е наша грешка. Дозволувајќи им на албанците да имаат што ќе побараат доведе до ова. Дали ќе чекаме уште малку и да го направам албанскиот јазик и прв официјален јазик во Македонија…МАКЕДОНИЈА…Во таа земја постои македонски јазик,македонски народ и македонски херои.Сето останато е дозволено надвор од нејзините граници…Некој ќе каже голема работа. Но по првото такво кажување не се согледува разликата, ниту по второт. Меѓутоа по неколку години такво кажување и криење на овој народ и потсинување на националната свест и борбата за својот наорд, бидејќи постојат луѓе кои ве убедуваат дека тоа е лошо, дека национализмот е лоша работа. Дали е лошо да си ја сакате својата земја??? А за оние кои сеуште мислат да се кријат и да не рацунат нас патриотите за глупави луѓе, нека повелат во Македонија на другите а не на македонците. Секој оној кој не се бори за своето, застанува против своите и е предавник…

…Ги замолувам сите читатели на блогот, оние кои се во можност или пак оние кои имаат идеја некаква, за било какво движење со кое можеме да излеземе барем ние патриотите на виделина и овој народ да не види…сите оние кои имаат идеја за било што, што можеме да го направиме во наша моќ да и помогнеме на Македонија, да и ги отвориме очите…И ги молам сите кои знаат како да направиме нешто како реакција на овој план за споменик на “Фашист” и да направиме проект на петиција, барем и симболична (макар и да нема резулатат), како симбол на нашата борба и значењето на овој народ. Да направиме петиција за да се постави споменик на Кузман Капидан (Сердарот) кој не е дозволено да биде заборавен во хероите на овој народ…

Ви благодарам однапред, на секој оној кој ќе го прочита ова и однапред ви благодарам на потенцијалните идеи…

…Сердарот…

080403_macedonia

…Идеалите се бесмртни…

…Времето и чува на Македонија значајно место во историјата. Низ векови наназад тешките периоди на овој народ вродувале со појава на херои и јунаци, борци во своето време, борци за свои и идеи на народот, но секогаш за една цел – за независна и слободна Македонија…

… 04 февруари 1872 година, Македонија го добива својот најголем херој и борец за нејзина слобода. Неговата борба и мисла треба да се надежта и силата на овој народ за понатамошна борба за афирмација на македонскиот народ и идентитет и ослободување од секакви надворешни или внатрешни влијанија и пропаганди. „Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце”… Преку оваа негова мисла треба да се поставиме самите себе како основоположници на своето добро и на доброто на нашата татковина.  Ние и идните поколенија треба да се стремиме да го продолжиме неговото движење и мислење, бидејќи македонскиот најголем син, се бореше за Македонија како таква, а не како северна, горна, долна или било каква друга…

…Силата на овој народ произлегува одвнатре. Самите ние го носиме во себе семето негово кое ги буди умот и душата и ја разгорува љубовта кон угнетената татковина. Секоја од нас е херојот на Македонија. Секој оној кој ќе стане и ќе се издвои од другите во ваквите тешки моменти. Секогаш имало индивидуи кои се издвојуваат од народот и го постигнуваат она што неможе секој. Како и Гоце Делчев, така и денес се потребни херои да се издвојат од овој народ и да ја разбудат националната свест и љубовта кон нацијата и да го придвижат оној народ на кој му е потребен таков човек, лидер, визионер, идеолог. Повторно целиот народ мора да се се вклучи во борбата за своето парче земја, но ги славиме оние кои се издвојуваат со огромната љубов од сите други и го даваат и својот живот како придонес за борбата за татковината и за славата на иднинте генерации. Ние сме моќта на оваа земја, ние сме хероите на оваа земја, но еден е синот што ќе се роди да ја води својата генерација во борбата на нејзиното време. „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“

…Но иако Македонија го изгуби најголемиот син, меѓунас сеуште талка неговата храброст, истрајност и идеологија и чека на правиот момент и правиот човек за да ја разгори. Иако борбата може да усмрти еден човек, легендата за тој човек и неговото дело и идеологија ќе опстојуваат и ќе бидат силата на овој народ и надежта за наредни поколенија низ времето. Во името на Гоце Делчев, во името на Македонија и она што ние е најсвето, останува да се надеваме дека ќе се појави јунакот на нашето време и дека ќе ја продолжи борбата на неговиот брат од минатото за да ја слават победата и слободата браќата и поколенијата во иднината…

-Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите-

Гоце Делчев (1872 – 1903)

…Слава тебе, голем човеку…

…Она што никој не го гледа…

spectrum_of_power2-mkd

Драги Македонци…

Горе поставениот дијаграм ја претставува официјално признаената скала на Обединетите Нации и Советот за Безбедност во врска со влијанијата и општествените движења во поглед на поставувањето на моќта. Всушност на наш чист јазик ги претставува репресионите движења и нелегални активности за кои светот е жив сведок и за некои од нив има драстични мислења и мерки,а додека за некои и се обидува да замижи.

Конкретно Македонија се соочува со следниве видови репресии и угнетувања кои можат да се најдат на самата скала, а за кои светот и македонскиот народ не превзема ништо за да одбрани и заштити од нив. На дијаграмот се обележани конкретни влијанија врз Македонија и врз нејзиниот народ и идентитет. Како за почеток ќе ги земеме влијанијата на нашиот јужен сосед кои во скалата на моќта стојат зад имињата на Lawfare и Embargo, што всушност, според дефинициите(кои може да ги најдете секаде на интернет) се однеуваат на грчкото вето кон Македонија и кон обидите за јавно бришење на идентитетот и менување на името на Македонија. Потоа ги сретнуваме влијанијата кои малцинатвата во Македонија, конкретно Албанците ги вршат а стојат на скалата зад имињата на Irregular Warfare, Attrition и Tactic Agreement.  Со овие влијанија албанската страна во Македонија влијае со моќта која ја добива преку Рамковниот договор кој го претставува тој тактички договор прикажан на скалата. Потоа со терористичките напади на Тетово, Куманово и околните места се посочуваат на скалата движењата од калибарот на нелегалните воени движења кои исто така можат да бидат поистоветени со тероризам. И накрајот “Attrition” кое по дефиниција значи разјадување одвнатре, односно искористување на слабостите и мирољубивоста на овој народ за доаѓање до асимилација, која албанците ја добиваат со признавањето на албанскиот за втор јазик, потоа со признавање на знамето, а во поново време и барањето за неучење македонски јазик.  Сето тоа треба да се разреши во корист на народот во Македонија, каква и да му е верската и националната определба, но никако несмее да биде искористено како што го користат албанците, со што само ја разгоруваат националната и етничка нетрпеливст која е всушност гориво за овој вид влијание од ред на посочен во скалата на моќта.

За пропагандата како влијание верувам дека сите сте добро запознаеии, а македонскиот народ тоа го добива често преку влијанија и пропагандни пораки од бугарскиот народ, српскиот народ во врска со црквата, армеиканска пропагнада и најголемите влијанија кои го заслепуваат народот кои доаѓаат од Европаската Унија и НАТО.

…Самите гледате каде овие влијанија стојат на скалата на репресии и моќ, а сепак покрај сето тоа, македонскиот народ тоа го премолчува и го голта во себе, а светот повторно со својата себична политика замижува пред правата и слободите на македонискиот народ. Прашање на време е кога сетоа ова ќе се разгори до степен кога македонскиот народ нема да може да го поднесе сето тоа угнетување и на тој ден ќе се види моќта на овој силен народ и ќе се спроведе волјата Господова, за доброто на нашите идни поколенија.

…Манифест…

…Македонскиот народ ја превзема одговорноста за сегашноста и иднината на неговата татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во своите заложби и борба за создавање на самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и единство во своите обврски кон заедничко добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на Асном и референдумот од 1991 година…Во Република Македонија суверенитетот  произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните…

“Устав” на Република Македонија

…Сето ова,како Македонец, како патриот, во тешките моменти на татковината, ме обврзува да го составам овој:

“МАНИФЕСТ”

…Македонци…

…Сите Вас кои Ви врие крвта кога други го газат она што ни е највредно.  Сите Вие кои ве боли кога други го валкаат светото име Македонија. Патриоти, браќа по крв и татковина, послушајте ме:

…Од време исконско тирани се обидуваат да го зграпчат ова свето парче земја. Но на ова парче земја живее светиот аријански народ кој со векови наназад не дозволува неговото име да биде извалкано. Силата на националната свест и љубов кон татковата грутка земја е света сила на овој народ кому историјата му чува библиско место. Македонија, земја на хеори и јунаци, никогаш не дозволила да падне на колена, во честа и славата на нашите предци и учте многу векови ќе стоиме гордо пред сонцето. Во името на светата борба во Бога и Македонија, на нас останува да ја продолжиме светата бесмртна идеја за која татковците наши се бореле од искона па до денес. Идејата за слободна Македонија, идејата за идните херои, идејата за соновите на Македонските деца.

…Репресори однадвор и угнетувачи одвнатре се обидуваат одново да го разјадат јадрото на овој силен народ и да го угнетат она за што овој народ мачно се изборел. Се обидуваат да го одземат идентитетот и името под кое и самите ние постоиме за да се избориме, повторно, за она што најмногу го сакаме …Браќа Македонци, оние кои ви значи нешто љубовта кон Македонија…Ова се оние моменти во историјата по кои нашиот народ се сеќава и ги раѓа своите синови,херои и јунаци.  ОВа се моменти на обединување и будење на националната свест. Да ги отвориме нашите срца за една цел, за Македонија, како што нашите предци го сториле тоа за нас, така и ние треба да ја разбудиме љубовта за нашите поколенија…

…Во ваквите моменти, Македонија бара од нејзините синови да станат и да ја рашират националната свест, кај секој македонски син, кому оваа земја му е мила,да стане да си го одбрани своето огниште и она најсветото заради кое постоиме,а за оние кои одбиваат да застанат на страната на својата земја и ќе посегне по предавство ќе одговара пред Бога и пред Македонскиот народ…Затоа ве повикувам браќа Македонци да ми се придружите во ова движење, за барем да успееме да му ги отвориме очите на овој народ, во овие моменти,кога пред нас го валкаат името Македонија и кога на нашата татковина сме и најмногу потребни…

…До сите патриоти, националисти и сите Македонци на кои ова им значи барем нешто…

- Секоја генерација има своја борба-

Мартин “Сердарот” Фармаков